КУЛТУРА

Промоција на поетската збирка една ноќ на Кристина Краличин и други активности на Чудна шума за Саем на книга

На саемот на книга, кој се одржува од денес па се до 24. април во С.Ц. „Борис Трајковски“, издаваштвата Чудна шума и ИД-Концепт се претставуваат со промоција на една поетска збирка – „Една ноќ“ од Кристина Краличин, со дружења со авторите Д.А.Лори, Живко Грзоданоски, Александра Симова, Хари Дудески, Ирина Атанаскова, креативни работилници со Ана Голејшка Џикова и Ирина Атанаскова и други разновидни активности за деца, млади и возрасни.

Промоцијата на книгата „Една ноќ“ ќе се одржи во петок, на 19 април, во промо-центарот на Саем на книга. Промотор ќе биде проф. д-р Ермис Лафазановски. „Една ноќ“ е шеста книга на Краличин, а нејзина втора поетска збирка.

На саемот на книга ќе бидат претставени и изданијата од проектот на Чудна шума наменет за млади читатели „Млади европски приказни – YES“, кој под мотото „Кажи YES за добра книга“ промовира квалитетни изданија за деца и млади од реномирани и наградувани европски автори. Проектот е ко-финансиран од програмата Креативна Европа“ на Европската Унија.

Во рамки на проектот досега се преведени книгите: „Каде е мојот дом?“ од Сезен Аксу Ташјурек (превод од турски Васко Марковски), „Овде, во близина, живее едно девојче“ од Ида Млакар Чрнич и Петер Шкерл (превод од словенечки Дарко Спасов), „Мојата бабичка не знае која сум“ од Ива Безиновиќ-Хејдон и Хана Тинтор (превод од хрватски Калиопа Петрушевска), „Куќа без огледала“ од Мортен Санден (превод од шведски Родна Русковска), „Беззборовната Ела“ од Викторија Патрашку и Кристијана Раду (превод од романски Лидија Димковска) и „Деветтиот живот на принцот на мачките“ од Дора Гимеши и Каталин Сегеди (превод од унгарски Златко Панзов).

Програма на настани на Чудна шума:

четврток, 18 април

18:00 – 19:00 – Hahnemühle Art Corner – изложба на разгледници од повеќе уметници, печатени во принт-студиото Чудна шума АРТ (штанд на Чудна шума)

петок, 19 април

11:00 – 12:00 „Хотелот Попитоп“, дружење со Бистра Георгиева и малите креативци од градинката Green House (штанд на Чудна шума)

16:00 – 18:00 – Hahnemühle Art Corner (штанд на Чудна шума)

18:00 – 18:45 – Промоција на поетската збирка „Една ноќ“ од Кристина Краличин; промотор проф. д-р Ермис Лафазановски (Промо-центар)

18:45 – 19:30 – Потпишување и дружење со авторката на поетската збирка „Една ноќ“, Кристина Краличин (штанд на Чудна шума)

сабота, 20 април

11:00 – 12:00 – Дружење со Лефти и Рајти на Саем на книга (Саем на книга)

17:00 – 18:00 – Потпишување и дружење со авторката на книгата за деца „Забранетата соба“, Александра Симова Клинчарова и илустраторот Хари Дудески (штанд на Чудна шума)

18:00 – 19:30 – Потпишување и дружење со авторката на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“, Д. А. Лори (штанд на Чудна шума)

недела, 21 април

12:00 – 13:00 – Читање, потпишување и дружење со авторот на книгата „Белите глувчиња – Страшната наезда на зелените вошки – Црните овци“, Живко Грозданоски (штанд на Чудна шума)

13:00 – 14:00 – Дружење со Лефти и Рајти на Саем на книга (Саем на книга)

16:00 – 19:00 – Hahnemühle Art Corner (штанд на Чудна шума)

понеделник, 22 април

18:00 – 19:00 – Hahnemühle Art Corner изложба на дела изработени на Hahnemühle материјали (штанд на Чудна шума)

вторник, 23 април

16:00 – 17:15 – Креативна работилница за деца „Лили“ со Ирина Атанаскова (штанд на Чудна шума)

17:30 – 18:45 – Креативна работилница за деца „Каде е мојот дом?“ со Ана Голејшка Џикова (штанд на Чудна шума).

На штандот на Чудна шума бидат изложени и:

  • сите изданија на Елоквента, меѓу кои и „Графало“ и „Елмер“
  • дневниците Imaginarium journals
  • сликовницата „Хотелот Попитоп“ на Бистра Георгиева и малите креативци од градинката Green House

Што да очекувате: нови изданија, саемски попусти од 20 – 75%, подароци и изненадувања, промоции на книги, дружења со нашите автори, креативни работилници за деца, Hahnemühle Art Corner

Работно време на саемот: од 18 до 24 април, од 10:00 до 20:00

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...