АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беa во посета на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ каде ја истакнаа важноста на Еразмус Плус проектите што се спроведуваат  во општинските училишта во Центар. Во осумте наши училишта досега се реализирани 11 проекти, вo моментот работат на 5 проекти, а Општина Центар спроведува еден инклузивен проект.

Се работи за проект што се реализира преку австриската национална агенција, а се однесува на креирање на платформа за работа со деца со посебни образовни потреби. Значи, ова е целосно еден инклузивен проект кој има цел да ги подобри условите за образование на овие деца, а воедно и да ги подобри условите за работа на наставниот кадар и стручните служби во училиштата.

Општина Центар го работи проектот во соработка со педагошкиот факултет од Грац, со образовен центар од Анкара во Турција и со Здружението на специјални едукатори на Македонија.Учеството во Еразмус програмите е подобрување на образовниот процес и инклузивното образование.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...