АКТУЕЛНО

Кучешки маскенбал во Скопје

Во организација на ЈП „Лајка“ вчера во градскиот парк се одржа максенбал на кучиња. Топлото време привлече голем број сопственици да ги донесат своите домашни миленици на пролетниот маскенбал.

Околу 200 посетители на настанот уживаа во глетката што им ја приредија 30 маскирани учесници во маскенбалот. Беше весело и шарено.

Фантазијата на сопствениците одеше дотаму што ги имаа маскирано своите миленици, пред сè кучиња, во пчели, Спајдермени, бебиња, па дури и ги имаа претворено во војници на македонската фаланга. Некои беа накитени со панделки, беа облечени во фустанчиња од тантела… И некои од сопствениците беа маскирани. Можеше да се види како шета и една Црвенкапа.

Освен пријавените учесници, беа присутни и неколку кучиња од ЈП „Лајка“, кои беа достапни за вдомување.

– Настанот го организираме по втор пат и наша идеја е да премине во традиционален. Ова е една забавна активност, која ја правиме за да се дружиме со пријателите и поддржувачите на јавното претпријатие, но и дополнително да го промовираме вдомувањето, наспроти купувањето кучиња – изјави директорката на ЈП „Лајка, Радмила Пешева.

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...