КУЛТУРА

„Љубив во топка“- најновата книга на Ана Јовковска

„Љубов во топка“ е најновата книга на пистаелката Ана Јовковска која беше промовирана во КСП Центар Јадро– Скопје. Се работи за интерактивна сликовница чиј промотор беше  универзитетскиот професор и писател Владимир Мартиновски. Книгата за деца го обработува проблемот на врсничкото насилство (булинг) како еден од најгорчливите проблеми на денешното општество. Приказна за пријателството и емпатијата, што го анализира широкиот спектар на емоции кај децата.

Книга за кревкото детско срце, за гласот што треба да го пронајдеме, за храброста да кажеме како се чувствуваме и можноста секое дете да биде херој или хероина. Чувствата што доминираат во нарацијата и илустрацијата се тага, осаменост, нарушена самодоверба, но и верба, храброст, љубов и надеж. Покрај главната наративна нишка во книгата е опфатена и темата за различноста односно маргинализирањето на поинаквите деца. Иако приказната не бега од тагата како емоција, таа дава решение како да се канализираат емоциите и да се пронајде сопствениот глас. Завршува оптимистички, со надеж дека љубовта и добрината го носат новиот детски свет.

Оваа топла емотивна приказна на Јовковска е надополнета со прекрасните илустрации на Иванка НиБа. Сликовницата е дел од едицијата Светулка 2 која веќе брои 4 наслови а се планираат уште 5 и се опфатени теми соодветни за деца од раноучилишна возраст. Ова е седма книга на Јовковска, а воедно и втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“.

Ана Јовковска е новинарка, писателка и научна истражувачка. Во суштина – сонувачка, гласноговорничка за слобода, еко-активистка, активистка за правата на децата и животните. Мајка на првачето Алекс и пријателка на кучето Ада. Сонува за свет во кој ќе нема ниту едно гладно дете. Верува дека секој човек е добар, ако му го најдеш клучот до срцето. Нејзините идеали се најсилните кредити на кои се обложува.

 

ИЗВОР: Тера.мк

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...