МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Mother Helping Son With Homework Sitting At Desk In Bedroom

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во присуство на детето влијае на нивната самодоверба и ментална сила – коишто пак, може да го предодреди нивниот иден успех како возрасни личности, велат стручњаците. Следат пет работи што родителите треба да ги имаат предвид, при воспитувањето издржливи, зрели и успешни деца.

Прекумерно попуштање значи разгалување. Детето кое има сѐ и добива сѐ што ќе посака, има и помала веројатност да развие сериозност, издржливост и истрајност. Тие особини, пак, може да му помогнат да избегне „пукање“ под стрес во зрелата возраст. Отпорните деца имаат и поголема самодоверба да се издигнат по неуспех и да продолжат со неопходните, пресметани ризици за успех, потврдува новото истражување.

Следната битна нишка за успех е одговорноста.

– Поставете разумни очекувања и сметајте ги (децата, з.п.) за одговорни. Колку повеќе им верувате на Вашите деца за да ги прават работите сами, толку повеќе ќе бидат самостојни, советува писателката и стручњак за родителство, Естер Војчицки.

Не ги казнувајте нивните неуспеси! За едно дете, важно е да научи како да се опорави од неуспехот на здрав начин. Казнувањето на детето за грешка може да испрати погрешна порака: Дека неуспехот е нешто од коешто треба да се срами. Совет: Укажете му на детето дека грешката е привремено назадување и од неа учиме.

Помогнете им на децата да разберат што треба да научат од секоја грешка, за да можат да ја изградат потребната самодоверба за да успеат следниот пат. Може да се сподели и по некоја приказна за своите сопствени неуспеси што завршиле со успех, или пак, пример за друг познат успешен човек.

Песимизмот, јасно искажан со говорот и однесувањето, се пренесува и на децата. Имено, децата оптимисти имаат поголема веројатност да ги гледаат пречките како привремени неуспеси што може да се надминат. Прекумерната негативност може да ги наведе и децата и возрасните полесно да се откажуваат кога работите стануваат тешки наместо да работат на создавање решенија, покажува истражувањето.

Без претерување во лутината!

– Лошата оценка или тепачка со другарче не е „крај на светот“. Со оглед на тоа колку често детето го забележува и имитира расположението и однесувањето на возрасните, важно е родителот да не претерува со лутината, истакнува психологот за деца, Ализа Пресман.

Случки полни со анксиозност, лутина и гнев може негативно да влијаат на психичкото здравје на децата, според психолозите. Тоа може да доведе и до состојби како депресија, што ја намалуваат мотивацијата и самоувереноста на детето да успее натаму во животот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...