ИНФО

Денес бесплатно паркирање на паркинзите на ПОЦ и на зонските на „Градски паркинг“

Сите паркиралиштата со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, како и паркирањето во зоните А, Б, Ц и Д за кои е надлежен ЈП „Градски паркинг“ во текот на денешниот ден, на празникот Рамазан Бајрам,  ќе бидат бесплатни за паркирање за сите граѓани.

Како што информираат од „Градски паркинг“ денес наплата за паркирање ќе се врши само во зоната АО на Водно, потоа во катни гаражи „Беко“ и „26ти Јули“, како и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и на паркиралиштето на Клинички центар.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам, со желби за мир, среќа и благосостојба.

Редовната наплата на сите паркиралиштата ќе продолжи в четврток со вообичаено работно време.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...