ИНФО

ОД НОЌЕСКА: Горивата поскапи за еден до два денари за литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден до два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,52 отсто.

Согласно одлуката на РКЕ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денара за литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за  88,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,286 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,173 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,184 отсто, кај дизелот за 3,802, кај екстра лесното масло за 4,795 отсто, додека кај мазутот има намалување во просек за околу 1,242 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,382 отсто.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд....

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...