ИНФО

Сезонски и чартер летови од Скопје до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир

–  Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе почне да лета на релација Белград-Охрид-Белград, информираат за МИА од ТАВ Македонија.

Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство, што стапува во сила утре, на Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании.

Со Виз ер: Базел-Мулхаус, Берлин, Братислава, Бремен, Брисел Шарлроа, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург , Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Чампино, Салцбург, Стокхолм Скавста, Венеција Тревизо, Карлсруе Баден-Баден, Љубљана, Лондон Лутон.

Дестинаците Атина и Сараево со Ејџијан Ерлајнс, Белград со Ер Србија, Виена со Аустриан ерлајнс, Цирих со Чаир ерлајнс и со Еделвајс, Загреб со Кроација ерлајнс, Женева со ИзиЏет, Варшава со ЛОТ, Франкфурт со Луфтханза, Истанбул (Сабиха Гокчен) и Измир со Пегасус ерлајнс, Анталија и Измир со СанЕксперс, Истанбул (IGA) со Туркиш Ерлајнс.

– Сезонските и чартер-летовите во текот на летната сезона 2024 година од скопскиот аеродром, кои најголем дел од нашите патници ги користат за посета на туристичките дестинации, ќе бидат до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир, со авиокомпаниите – Anadolu Jet, AMC Airlines, BH Air, Freebird и Nouvelair, најавуваат од ТАВ Македонија.

Во однос на новините за патниците, истакнуваат дека од мај авиокомпанијата airBaltic, националниот авиопревозник на Латвија, ќе влезе на македонскиот воздухопловен пазар и ќе воведе нова сезонска авиолинија од Скопскиот аеродром, Скопје-Рига-Скопје.

-Оваа линија на клиентите ќе им овозможи поврзување од витално значење со балтичките држави и светот и ќе им овозможи да ги истражуваат овие различни региони со огромна леснотија и удобност, посочуваат од ТАВ Аеродроми Македонија.

Во контекст на новините потенцираат дека Виз Ер почна да сообраќа до Салцбург, како и дека Кроациа Ерлајнс и Норвежијан ЕрШатл ќе продолжат со сезонските летови до Сплит и Осло, од Скопскиот аеродром, соодветно. Ги посочуават и летовите на Ер Србија на релација Белград – Охрид – Белград  како дополнителна удобност за патниците да избегнат долги патувања со возило.

-Притоа, со оглед на статистиката за изминатата туристичка сезона во Охрид, и патниците и туристите кои го посетија Охрид, може да се забележи дека голем број туристи од Турција решија летниот одмор да го поминат во Охрид, па затоа, воведувањето авионска линија што го поврзува Охрид со аеродром во Турција би била одлична одлука за една авиокомпанија, велат за МИА од ТАВ Македонија.

Ако во текот на зимскиот ред на летање, две авиокомпании летаа до четири дестинации, или Виз ЕР до Виена, Дортмунд и Меминген, а Чер Ерлајнс до Цирих, со летниот распоред на летови, и Еделвајс ќе лета до Цирих, така што со летниот ред на летање, од Охрид ќе летаат осум авиокомпании до 11 дестинации.

Се преговара за нови сезонски летови од Скопскиот аеродром

Од ТАВ Македонија посочуваат дека  работат на привлекување нови авиокомпании за да започнат со собраќање до нови атрактивни дестинации и устакнуават дека она што може да се најави во овој момент е дека се очекува Ејџијан Ерлајнс да воведе нови сезонски летови од Скопскиот аеродром, како сезонска авиолинија до грчки остров.

За поголема конкурентност на аеродромот истакнуваат дека се работи на подобрување на квалитетот на аеродромските услуги.

-Во овој момент, а со оглед на добрите резултати постигнати во изминатата 2023 година, како и прогнозите за претстојниот период, за скопскиот аеродром планирано е зголемување на капацитетот на шалтерите за пријавување на патници и багаж и одредени надградби на уредите за безбедносен преглед на патниците и кабинскиот багаж, како и на капацитетите на терминалната зграда, велат од ТАВ Македонија.

Очекувања за зголемен физички обем на авиосообраќајот 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев во изјава за МИА вели дека со летниот ред на летање има извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми во споредба со минатата година.

-Според летниот ред на летање, односно според бројот на најавените операции на воздухоплови, во летната сезона 2024 може да се забележи извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми, во споредба со истиот период минатата година. Евидентно е зголемен бројот на дестинации и на фреквенции  на скопскиот аеродром, додека на охридскиот бројот е сличен како и минатата година, вели Тунтев.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со слаб ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од...

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...

ИНФО

Голем Хепенинг во сабота во парк на Франкофонија

Општина Центар организира хуманитарен концерт со цел собирање срества за лекување на Кара...