ИНФО

Нова директна линија од Скопје до еден грчки остров

Грчката авиокомпанија Aegean Airlines ова лето ќе започне со нова сезонска авионска линија од Скопје, известува Ex-Yu Aviation. Од 1-ви јуни авиокомпанијата ќе започне со редовни летови меѓу Скопје и грчкиот остров Крф, со авион ATR72-600 управуван од регионалниот бренд на Aegean – Olympic Air. Летовите ќе се одвиваат до 28 септември 2024 година.

Ова е трета дестинација која oваа авиокомпанија ја воведува од Скопје, откако претходно воведе летови меѓу Скопје и Атина и Скопје и Сараево.

Авиобилетите за летот Скопје – Крф се достапни преку веб страната на Aegean Airlines, а моменталната цена за повратна карта започнува од 220 евра.

Крф е остров со бурна историја, но и е еден од најубавите острови во Грција, исполнет со бујна вегетација и зелени површини, затоа уште и го нарекуваат Зелениот смарагд. За Крф пишувал и Хомер во неговата Одисеја односно опишано е доаѓањето на Одисеј во земјата на Феачаните и тоа е една од најзачудувачките епски песни во неговото дело.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

РАБОТА НА МРЕЖА: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со слаб ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од...

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...