ИНФО

НБРМ: Граѓаните се повеќе ги користат картичките при плаќање во земјава

Граѓаните се повеќе ги користат современите канали на плаќање се вели во извештајот на Народната Банка на Македонија. Од таму додаваат дека во во 2023 и 2024 година се зголемува употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата, за 18% и 17%, соодветно.

„Бројот и вредноста на плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози) забележуваат годишен раст од 5% и 12%, соодветно. Иако плаќањата со кредитни трансфери сѐ уште најмногу се вршат на шалтерите на банките (71%), податоците за изминатата година ја потврдуваат и сѐ почестата употреба на дигиталните канали, со годишен раст од 16% кај бројот и 19% кај вредноста на плаќањата иницирани електронски. Притоа, граѓаните сѐ почесто ги употребуваат мобилните апликации за извршување на плаќањата коишто забележаа раст од 22% кај бројот и 30% кај вредноста“ се вели во извештајот.

Од НБРМ додаваат дека граѓаните на удобен и сигурен начин да ги извршуваат плаќањата во земјата имајќи предвид дека на крајот од 2023 година во оптек беа 1,9 милиони платежни картички, од коишто 76% се засновани на бесконтактна технологија. Инфраструктурата за прифаќање плаќања со платежни картички, пак, брои 32.198 уреди на физичките места на продажба, кај 15.804 трговци во земјата, од кои дури 95% ја поддржуваат бесконтактната технологија. Бројот на картички со бесконтактна технологија и уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат оваа технологија забележа годишен раст (во споредба со 2022 година) од 0,5%, односно 18%. Годишен раст од 6% во однос на 2022 година е забележан и кај бројот на трговците коишто прифаќаат платежни картички при продажба на стоки и услуги на физичките места на продажба во земјата.

За извршувањето на плаќањата со прифаќање на платежните картички, според најновите податоци за 2023 година, трговците плаќале просечен надоместок во висина од 1,12% од вредноста на прометот, што е помалку за 0,01 п.п. во споредба со 2022 година. Најголемо намалување се забележува кај надоместокот за плаќањата за дејноста информатичка технологија и бела техника и услугите на државните институции (за 0,08 п.п. кај двете групи дејности) и на бензинските станици (за 0,06 п.п.).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...

ИНФО

Голем Хепенинг во сабота во парк на Франкофонија

Општина Центар организира хуманитарен концерт со цел собирање срества за лекување на Кара...

ИНФО

„Халкбанк“ организира работилници во рамки на иницијативата Прајслес планет

Во рамки на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД...