СЦЕНА

Во четврток концерт „Светлина“ со Станко Мадиќ и Оливер Балабурски

Македонската филхармонија најавува уште еден импресивен концерт. Станува збор за концертот „Светлина“, кој ќе се одржи в четврток, на 4 април во 20 часот, а на кој како солист ќе настапи извонредниот виолинист Станко Мадиќ (Србија/Германија), концертмајстор на Радио-оркестарот на Минхен.

За првпат во Македонија, Станко Мадиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 еден од највлијателните современи живи композитори, Петерис Васкс од Латвија. „Чиста убавина на звукот“ – така е опишано ова дело со наслов „Далечна светлина“, а создадено во 1996 година на барање на латвинскиот познат виолинист Гидон Кремер. По скоро две децении од неговото создавање, денес овој концерт е веќе класика и е дел од репертоарот на големите симфониски оркестри. Петерис Васкс во ова дело ги внел својата душа и меланхолична страст, неговите силни врски со природата, верувањата и идеалите кои ги гледа како полека исчезнуваат насекаде, и претставува центар на севкупното негово творештво.

Диригент на концертот „Светлина“ е маестро Оливер Балабурски кој долги години живее и твори во Канада, а со Македонската филхармонија ќе диригира по подолг период пауза. Оваа вечер, заедно со оркестарот на Филхармонијата и маестро Балабурски, ќе биде изведена и Симфонијата бр.4 во F-moll, оп.36 од рускиот музички гениј Петар Илич Чајковски. Токму Четвртата симфонија претставува своевиден автопортрет – симфониски хибрид, во кој се вкрстуваат архитектонската форма со поетиката на симфониската поема.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Кратки Македонски Филмови во Кинотека

Денес со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат...

СЦЕНА

„Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода...

СЦЕНА

Изложба на светски познатата медалистка Надја Розева во Чифте Амам

Во тек се последните подготовки за отворањето на самостојната изложба „Медална скулптура“...

СЦЕНА

Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис...