МАГАЗИН

Австриски научници работат на нови начини за рециклирање батерии

Австрискиот институт за технологија (АИТ) во Виена работи на развој на својата најнова иновација – батерии што може да се рециклираат.

Во борбата за поодржлива иднина, АИТ, инаку познат по своите слични иновации, сега се занимава со обмислување батерии од рециклирани материјали. На овој амбициозен проект работат 35 истражувачи. Целта е јасна – да се создадат батерии без употреба на проблематични суровини како литиум, никел и кобалт.

Сегашните батерии може да бидат само 40 отсто рециклирани. И тие ќе се користат во прозводството, заедно со новите суровини, како што се отпадот од рудниците или силициумот од сончевите панели.

Главната цел е еколошки одржливо производство. Маркус Јан, раководител на одделот за истражување за батериите при АИТ, ја истакна важноста од намалување на употребата на вода, електрична енергија и гас во производниот процес за батерии. Покрај тоа, се истражуваат различни видови батерии што би можеле да најдат примена кај возила, електрични скутери и други направи и области.

Засега, конкретните резултати од истражувањето и развојот сѐ уште се нејасни, но едно е сигурно – АИТ и неговите партнери го отворија патот кон „зелените батерии“, сметаат познавачите. Ова е само почеток на она што се нарекува одржлива иднина, каде технологијата служи како двигател на промените за поеколошка утрешнина.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...

МАГАЗИН

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на...