АКТУЕЛНО

Априлијади во Скопје: Денот на шегата ќе се одбележи со забавни маски и музика

Најмалите нестрпливо го очекуваат денешниот ден за да може гордо да ги покажат своите маски, кои се резултат на нивната фантазија, но и на вештите раце на нивните родители. Иако некои од нив веќе ги купиле во продавниците, каде што се нудеа деновиве.

Детскиот џагор, смеа и по некоја лага, па нели е априли-ли-ли, ќе го обележат денешниот ден. Многу среќни дечиња ќе продефилираат маскирани во своите омилени ликови и јунаци од цртаните филмови и од детските серии. Некои ќе бидат принцези, некои Бетмени, пеперутки и што уште не.

Можноста да се забавуваат на едно место ќе им ја дадат скопските општини, кои на плоштадите, во парковите, специјално за нив, ќе организираат априлијади, каде што ќе се упатат децата од градинките и од училиштата, уживајќи во забавата.

Ваква манифестација, под слоганот „Маски, смеа, рингишпил – дојди во Шеговил!”, денеска во 11 часот, подготвува Општина Кисела Вода, пред салата „Расадник“. Таму ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, а ќе има и кловнови и аниматори. За музичкиот дел се задолжени „поточињата”. Најдобрите маски ќе добијат награди.

Секое дете ќе живее во улогата на херојот од своето детство и во рамките на забавата под маски што ќе ја организира Општина Гази Баба за најмладите, на плоштадот во „Автокоманда“, со почеток во 13 часот.

Децата ќе уживаат дружејќи се со јунаците од „Светот на Биби“ и ќе пеат заедно со учесниците од „Поточиња“.

Како секоја година така и оваа, и Општина Ѓорче Петров ќе се погрижи децата да уживаат во единствениот ден на шегата. Дестинацијата ќе биде реонскиот парк во таа населба, со почеток во 11 часот.

Голема забава под маски, со многу музика, детски претстави и шарени маски ветува и Општината Бутел, на плоштадот „Слобода“, со почеток во 10:30 часот.

Општина Аеродром се издвојува во овој поглед. Во соработка со „Нула отпад“ и со „Капитол мол“, и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштитата на природата и здравјето на луѓето.

Децата и учениците од сите градинки и основни училишта во Општина Аеродром што ќе учествуваат на изборот, имаат задача да изработат индивидуална или групна креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку три стари, неисправни електронски и електрични уреди и стари потрошени батерии.

Изработените екомаски ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на официјалната фејсбук-страница на „Капитол мол“, под името „Е-капитолијада“. Добитниците на наградите ќе бидат официјално објавени на Денот на шегата, 1 Април, кога ќе се одржи и ревијалниот дел – Екопарадата на бината во „Капитол мол“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...