АКТУЕЛНО

Протест во Ѓорче Петров: „Изградба на училишта и градинки, а не висококатници“

Стотици граѓани излегоа на протестен марш против носењето на Деталниот урбанистички план за градската четврт СЗ16 со кој се предвидува изградба на триесеттина висококатници на просторот спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров.

Од протестот беа упатени пораки, градоначалникот Александар Стојкоски и мнозинството во Советот да се откажат од планот кој според нив ќе го загрози хуманото живеење во општината.

„Градоначалникот Стојкоски можеби не знае дека жителите на Ѓорче Петров дека имаат сериозен проблем со водоснабдувањето во Ѓорче Петров имаат сериозен проблем со паркинг просторот, како и со загаденоста на воздухот. ДУП со кој е предвидено како што сите го нарекоа „бетонски монструм“ во кој што има над 30 нови згради, некои со висина над 20 ката, над 4000 нови станови и над 10 илјади нови жители во општината мислиме дека сериозно ќе ги зголемат овие проблеми на граѓаните.“, вели Симоновски.

Тие велат дека градоначалникот го бетонизира Ѓорче и оти донел ДУП со кој ќе се изградат повеќе од 30 згради со над 20 ката и 4.000 нови стана во кои ќе доселат над 12.000 жители.

„Бараме градоначалникот Стојковски бараме да го слушне гласот на жителите од Ѓорче Петров и да ја прифати нашата подадена рака и заедно да изгласаме суспензија на овој ДУП поготово во делот на висококатниците. Дополнително затоа што не сме убедени дека целата постапка му е водена на исправен начин, побаравме увид во документацијата од што понатаму ќе зависат нашите идни чекори во борбата со урбаната мафија и градоначалникот Стојкоски на Ѓорче Петров.“, вели Симоновски.

Инаку, Советот на Општина Карпош, на вонредна седница, донесе одлука да се обжали пред Уставниот суд спорниот Детален урбанистички план СЗ 16, затоа што, според градоначалникот Стевчо Јакимовски, е донесен на криминален начин, а најлошо е тоа што во него се вцртани три хемиски фабрики, кои директно го загрозуваат животот на карпошани, особено на жителите на Влае.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, пак, најави дека пред Уставниот суд ќе бара запирање на примената на изгласаниот ДУП, затоа што Советот на Општина Ѓорче Петров изгласал измени на планот со кој се драстично зголемени од 5 ката + потпокрив на 20 ката + потпокрив дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“, но и поради тоа што во него, на површина од 157 илјади квадратни метри, планирана е Г2 – лесна и незагадувачка индустрија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Кучешки маскенбал во Скопје

Во организација на ЈП „Лајка“ вчера во градскиот парк се одржа максенбал...

АКТУЕЛНО

Центарски улици 2 – Светски ден на уметноста

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како...

АКТУЕЛНО

Бесплатни билети за учениците од Центар во театар за деца и младинци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар...

АКТУЕЛНО

Конечно, тргнати новогодишните куќарки од плоштадот

Град Скопје вчера ги тргна новогодишните куќарки од Плоштад Македонија. Екипи од...