МАГАЗИН

5 заеднички карактеристики на речиси сите мажи кои изневеруваат

Баш и не е лесно да го идентификувате партнерот кој изневерува. Се разбира, сите сакаат да се вљубат во личност која засекогаш ќе им биде верна, но не постои сигурен начин да го предвидите неверството.

Сите луѓе се различни, а поради ова постојат и многу разни видови на неверни партнери. Сепак, тоа не значи дека овие луѓе не делат некои особини што ќе ви помогнат навреме да откриете за каква личност станува збор.

Постојано се сомнева во вас

Личноста на која не можете да ѝ верувате и самата ќе има проблеми со вербата во другите. Па, доколку партнерот постојано се сомнева во вас, причината е што знае дека вие имате за што да се сомневате во него.

Го користи телефонот во тајност

Начинот на којшто вашиот партнер го користи неговиот телефон може да биде добар показател за неговата верност.

Доколу тој никогаш не го остава телефонот покрај вас без негово присуство, голема е веројатноста да крие нешто. Исто така доколку постојано го крие телефонот, и тоа може да биде предупредувачки знак.

Постојано го користи телефонот

Доколку партнерот постојано е на својот телефон, дури и кога сте заедно, тоа може да биде предупредувачки знак.

Се разбира, ова не мора веднаш да значи дека партнерот е неверен – можеби има работа или пак се допишува со некој пријател.

Но, сепак, треба да постојат граници, па доколку забележите дека партнерот му обрнува повеќе внимание на телефонот отколку вам, можеби е време за разговор.

Умешно лаже

Можеби вашиот партнер нема никаков проблем со лажењето, а доколку го фатите во лага, најверојатно тврди дека сте ја издале неговата доверба. Неверните луѓе секогаш ќе бидат лажговци, а доколку партнерот постојано лаже, тогаш имате причина за грижа.

Ви обрнува премногу внимание поради чувството на вина

И вината е едно од нештата што е присутно кај речиси сите кои изневеруваат. Доколку на партнерот воопшто не му е грижа за вашите чувства, тогаш едноставно би раскинал со вас.

Но, нештата не се секогаш толку едноставни, па тој може да чувстува вина поради неверството. Токму оваа вина може да го натера да ви обрнува повеќе внимание од вообичаено, со цел да се чувствува колку-толку подобро.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...

МАГАЗИН

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на...