АКТУЕЛНО

Почна пријавувањето за Скопскиот маратон

Започна почна пријавувањето за 20. јубилејно издание на Визер Скопскиот маратон. Тоа ќе трае до 20 септември, до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани.

– Трката има ограничен број учесници и пријавувањето може да биде затворено доколку се пополни предвидениот број на учесници. Затоа побрзајте и пријавете се! – повикува организаторот на манифестацијата, Сојузот на спортови на Скопје.

Маратонот ќе се одржи на 6 октомври, со почеток во 8 часот.

На стартот, учесниците на маратонот и на полумаратонот ќе бидат распоредени во четири стартни бокса, според времето што ќе го изберат при процесот на пријавување, додека учесниците на штафетниот маратон и на трката на пет километри ќе бидат распоредени во стартни зони, кои ќе бидат означени во зоната на старт, со името на трката.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правилата на Светската атлетика (WA) и на АФСМ.

Секој учесник што ќе стартува на Визер Скопскиот маратон, ќе добие вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, „Визер“. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, која ќе ја добијат само оние што ќе се регистрираат до 29 август 2024.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...