РИТАМ НА ГРАДОТ

Концертна промоција на албумот „Deep Blue“ на џез-гитарист Ѓоко Грујовски

Вечерва, со почеток во 21 часот, во „Café Literatura“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи концертна промоција на вториот студиски албум на македонскиот џез-гитарист Ѓоко Грујовски. Музичката содржина на овој албум претставува фузија од повеќе музички стилови, како џез, класика, свинг, би-боп итн. Жанрот на албумот може да се дефинира како амбиентален современ џез со меланхоличен призвук, каде што преовладуваат широки теми и импровизаторски соло-делници, отсвирени врз модална џез-хармонија.

Настапуваат:
Ѓоко Грујовски – гитара
Симеон Ангеловски – бас-гитара
Дамјан Грујо – тапани

„Литература.мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“ организираат низа музички настани, кои се одржуваат секој петок во „Café Literatura“ во „Дајмонд мол“. Целта на овие концерти е на публиката да ѝ се овозможи квалитетно музичко искуство и да се поддржи развитокот на џез-културата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Oд денеска до 21. април Цветен фестивал во Дајмонд мол

 Од 17. до 21. април во Дајмонд мол под мотото „Расцветај“, ќе...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности Скопје

Вечерва од 19.00 часот во „Сули ан“ Скопје ќе се отвори изложба со...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„Candlelight“ – концерт под свеќи на Профундус и виолинист Марио Хосен во Филхармонијата

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Филхармонијата на која вечер во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје

Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18:30ч. на улица Македонија во центарот...