АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработените од Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје, денес го одбележаа денот на градското јавно претпријатие кое континуирано работи на уредување на градското зеленило.

Акцијата за садење денес се одвива по средишните и странични зелени коридори по булеварот Партизански одреди на потегот од мостот Обединети нации до Центар.

Истовремено, Град Скопје продолжува со големата еко акција со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје, а продолжуваат и акциите планирани за пошумување на парк шумата Водно и парк шумата Гази Баба.

Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувувањето на здравјето на луѓето, а престојот во природа е клучен за одржување на физичкото и ментално здравје. Затоа од големо значење е да се достапни повеќе можности граѓаните да престојуваат во природа, а истовремено да се подигне свесноста за важноста од покажување посебна почит кон природата и одговорен однос кон неа без нејзино загадување и уништување, информираат од Град Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

„Анима мунди“ бара да почне процес на затворање на зоолошките градини

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара да се започне процес...

АКТУЕЛНО

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар денес во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање...

АКТУЕЛНО

Четирите дами на „Destiny Quartet“ ги наполнија со љубов срцата на публиката во Филхармонија со „Јовано Јованке“ и „Џипси сонг“

Четирите дами Гергана Алексиева и Венета Гудева на виолина Александрина Митева на...

АКТУЕЛНО

Јуниорите на Работнички ќе тренираат бесплатно во салата на „Коле Неделковски“

Советот на Општина Центар го усвои предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за...