КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но и за домот, кои се рачно изработени, фокусирани на одржливоста, еколошкото и етичко производство, а изработени од 17 дизајнери од земјава, се поставени во центарот „Лабораториум“ во Скопје, во рамки на изложбениот салон „Лаб дизајн маркет“.

Како што изјави кураторот на „Лаб дизајн маркет“, Драган Христов, се работи за перманентна поставка, односно галерија, која ќе биде отворена за посетители во „Лабораториум“ од вторник до сабота од 12 до 18 часот. Главната цел е да им се даде најдобрата поддршка на дизајнерите и занаетчиите, преку продажбата на нивните производи.

– „Лаб дизајн маркет“ е воедно и заедница на македонски дизајнери и занаетчии, која функционира во склоп на центарот „Лабараториум“. Се работи за систем кој што ќе ги спои дизајнерите и занаетчиите, односно изработувачите и оние кои што го конципираат моделот, односно дизајнот, посочи Христов.

Тој напомена оти се надева дека со овој проект ќе се случи позитивна промена во дизајнерската и модната сцена, како и сцената со моден накит, додатоци и секој вид на производ кој што е одржлив, еколошки и етички направен.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Читачка група за „Феминизам и студии со животните“ денес во КСП Центар Јадро

Денес во КСП Центар – Јадро во 19 часот ќе се одржи...

КУЛТУРА

На сцената на НОБ ќе се изведе современиот балет „Сага“

На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток...

КУЛТУРА

Алиса Фини доаѓа на Саемот на книга во Скопје како гостинка на македонскиот издавач „Сакам книги“

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните...

КУЛТУРА

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура Икон...