РИТАМ НА ГРАДОТ

Зелена акција „Донеси цвеќенце – добиј маичка“

СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ и културниот центар Лабораториум, вечерва организираат промотивна музичка вечер каде посетителите ќе може да учествуваат во раззеленување и разубавување терасата на Лабораториум.

-Во духот на заедничка акција, дружење и креирање на нова зелена оаза на терасата на Лабораториум, ги повикуваме сите млади и „зелени“ да ни се придружат и донесат било каков тип на цвеќенце во саксија за раззеленување на овој убав простор.

Со оваа колективна акција го поздравуваме скорото доаѓање на пролета и во духот на зелената агенда, уредуваме градина во која сите ќе може да уживаме, велат од СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.

На првите 50 посетители кои ќе донесат цвеќе им подариме маички со дизајн на СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.

Поканети се сите кои сакаат да се забавуваат со добра музика и да учествуваат во креирањето на ново зелено и убаво урбано катче во градот.

Во рамки на настанот ќе бидат презентирани официјални маички со кратки ракави, ќе биде преставен уште еден млад диџеј – Влашки, дел од колективот MINT, со избор на квалитетна и современа македонска музика.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Oд денеска до 21. април Цветен фестивал во Дајмонд мол

 Од 17. до 21. април во Дајмонд мол под мотото „Расцветај“, ќе...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности Скопје

Вечерва од 19.00 часот во „Сули ан“ Скопје ќе се отвори изложба со...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„Candlelight“ – концерт под свеќи на Профундус и виолинист Марио Хосен во Филхармонијата

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Филхармонијата на која вечер во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје

Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18:30ч. на улица Македонија во центарот...