ИНФО

Стартуваа училишните спортски лиги во Ѓорче Петров

– Денеска стартуваа училишните спортски лиги во повеќе спортови во општина Ѓорче Петров. Овој настан е спортски празник за учениците и нивното задоволство е наш мотив и понатаму да го поддржиме ова натпреварување, порача градоначалникот Александар Стојкоски кој на сите учесници од сите шест основни училишта од Ѓорче Петров им посакува спортска среќа и успех, пред се да се дружат и забавуваат, но и преку овие натпревари да станат уште подобри спортисти во спортот во кој се натпреваруваат.

– Заедно со Општински сојуз на училишен спорт и натаму ќе продолжиме да работиме во насока на создавање спортски генерации, но и одржување на спортскиот дух меѓу младите, особено меѓу основците. Многу е важно децата да ги мотивираме да се решат да започнат со спортски активности од рана возраст, а преку колективниот спорт да научат да делат, да бидат несебични, и фер-плеј, но и да знаат што е победа, а што пораз, и како да се носат со тоа, порача Стојкоски.

Тој се заблагодари на сите наставници кои помагаат ова натпреварување да се оствари и кои секојдневно работат со учениците на часовите по физичко воспитување, но и надвор од часовите, односно за време на тренинзите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес и утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, денес и...

ИНФО

Казнети 179 возачи, 51 возеле пребрзо

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните...

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...