КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари) со почеток од 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Кобалт Синергија“ на која ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, со проекција на видео-ролна и две видео-арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај.

За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски.

Во содржината на видео ролните се и концепциските опсервации во вид на записи на третиот учесник во проектот Корнелија Буклеска.

– Ова е приказна за кобалтот (како елемент и како боја) како и она за синергијата, па така и оваа нивна заедничка, е вечната вистина за животот кој не опстојува во праволиниско течение – вели Буклеска, која е и новинарка и главен уредник на редакцијата за култура и уметност при Радио Скопје.

Венко Цветков дипломирал на академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1984 година, а живее и работи во Скопје. Симон Гегај, роден 2005 година во Скопје, е ученик во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, на отсекот мултимедија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Расте бројот на млади читатели кои го посетуваат Саемот на книга

Различни генерации, различни интереси за одредени книжевни жанрови на годинашниот Саем на...

КУЛТУРА

Режисерот Срѓан Драгојевиќ во Скопје за промоција на негова книга поезија во издание на ТРИ

Српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ ќе ја промовира својата книга „Чат-пат е добро...

КУЛТУРА

Започна „Крај Вардарот Џез“ – годинашното издание во чест на Мирко Попов

Во пресрет на петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, вчера во...

КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, е во одбрана на раскажувачите и писменоста

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по повод отворањето на 36. издание на Саемот...