АКТУЕЛНО

Советниците во Ѓорче Петров гласаа за нова спортска сала, улици, градинка

Нова спортска сала во основното училиште во Хром, како и 42 милиони денари за реконструкција на улици и проектирање нова детска градинка во Даме Груев се само дел од проектите кои беа изгласани на седницата на Советот на Општина Ѓорче Петров.

Од Општината велат дека Советот позитивно се изјаснил за новите развојни проекти што треба да донесат значителни капитални чекори во општината. Освен тоа, на седницата се  разгледаа и се изгласаа проектите „Пешачка патека со улично осветлување“ која ќе се протега од Волково до Орман во должина од 2 км, како и ново улично осветлување на улицата Радушка.

Се планира и реализација на нови јавни повици во спортот и културата кои на транспарентен начин ќе донесат нови проекти за сите ѓорчепетровци.

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...