КУЛТУРА

Отворен поетски ден на кој ќе се одбележи 77-годишнината од постоењето на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на 8 писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ бил избран Блаже Конески.

По тој повод, на 13 февруари 2024 година, со почеток во 11 часот, во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија, ќе се одржи Отворен поетски ден на кој ќе се одбележи 77-годишнината од постоењето на ДПМ со поетско читање и настап на повеќе македонски поети.

Тринаесетти февруари е најголемиот празник на македонските писатели, зашто Друштвото на писателите на Македонија е најстарата, најмасовната и најреномираната писателска асоцијација кај нас, велат од ДПМ.

Пригодни беседи за поезијата на Блаже Конески, Ацо Шопов и Славко Јаневски – тројцата основачи и претседатели на Друштвото на писателите на Македонија, ќе одржат проф. д-р Васил Дрвошанов и проф. д-р Александар Прокопиев.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...