МАГАЗИН

Како читањето ја менува структурта на мозокот

Знаеме дека со читањето учиме факти, а со знаењето на вистинската работа во вистинско време си ги зголемуваме шансите за успех. Но тоа не е единствениот начин на кој читањето ве прави попаметни. Според научниците, читањето го менува начинот на кој работи мозокот.

Голем дел од научната литература покажува дека еден од краткорочните ефекти на читањето е емпатијата. Со влегување во кожа на ликовите во книгата ги гледаме аспектите што не ни се познати, а тоа ни ја зајакнува емоционалната интелигенција.

Овој ефект буквално бил забележан за време на снимањето на активноста на мозокот. Доколку ликот игра тенис, во мозокот се активираат делови кои се активни кога навистина сте физички активни.

Постојат истражувања што покажуваат и дека навлегувањето во приказната во книгата ја зголемува способноста за фокусирање и разбирање комплексни идеи, а овие вештини ослабуваат кога читате помалку.

Читањето има и долгорочни ефекти, а професорот Џозеф Хајнрих од „Харвард“ неодамна објаснил како се менува мозокот додека децата учат да читаат. За време на оваа промена се создава специјален регион во левиот дел од мозокот, функцијата за препознавање на лицето се префрла од левата во десната хемисфера, се зголемува вербалната меморија и се здебелува делот што ги поврзува двете хемисфери во мозокот, објаснил Хајнрих.

Исто така,  ја зголемува способноста за замислување алтернативни начини, помнење детали, замислување детални слики и решавање комплексни проблеми. Читањето не дава само знаење, туку и ве прави попаметни.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Објавени годинашните доделувачи на „Оскарите“

Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Зендеја, Мишел Фајфер, Бед Бани, како и оскаровците...

МАГАЗИН

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја...

МАГАЗИН

ЛАЈКА: Причини зошто треба да имате трпение со куче вдомено од прифатилиште

Има неколку причини зошто трпението е важно кога се вдомува куче од...

МАГАЗИН

Науката ги одреди најпаметните раси кучиња

Обемно лабораториско истражување за интелигенцијата на кучињата коешто го спроведоа научници од...