АКТУЕЛНО

ГЕРАСИМОВСКИ: 75 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска додели 75 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња во износ од 7.000 денари.

„Ова се најсреќни мигови во вашиот живот, но пред вас има и многу предизвици. Токму затоа Општина Центар е тука да ви даде поддршка. И оваа година продолжуваме да доделуваме парична помош во висина од 7.000 денари за секое новороденче, средства кои се надевам ќе бидат добредојдени во буџетот на семејствата што имаат принови. Со оваа финансиска поддршка сакам да испратам јасна порака дека нашата општина се грижи и ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители“, истакна градоначалникот Герасимовски, кој лично им ги врачи решенијата за парична помош на родителите.

Покрај овие средства, родителите на новоденчињата добија и помош од клиничката болница Жан Митрев, која редовно доделува ваучери за педијатриски прегледи. Придонес за семејствата со производи наменети за бебињата и мајките дадоа и компаниите: ХИП, Кан Бебе, Би-Мек и Европа Лек Фарма.

Центар редовно доделува еднократна парична помош за новите родители во рамки на проектите од областа на детската заштита и грижата за најмладите жители во општината.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...