ИНФО

Водовод ја избриша објавата за прекин во водоснабдувањето

Откако првично беше објавено дека во текот на утрешниот ден ќе биде прекинато водоснабдувањето во голем дел од Скопје, ЈП Водовод и Канализација подоцна ја избриша објавата.

Градот Скопје во текот на денешниот ден редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, соопштија од Водовод и канализација.

-За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење.

Вчера преку соопштение до медиумите од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, денеска од 17:00 часот намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат повеќе населени места во Скопје.

Во соопштението беше наведено дека намален притисок или прекин на водоснабдување ќе има во Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, Дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 154 возачи, 25 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 154 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...

ИНФО

Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети подрачното основно училиште „Гоце...

ИНФО

Во февруари хуманиот третман го поминале 130 кучиња

Jавното претпријатие „Лајка“ известува дека во месец февруари, хуманиот третман го поминале...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со услови за краткотраен дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд....