АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинка во Расадник и училиште во село Драчево

Kисела Вода ќе добие нова јавна детска градинка во Расадник и ново основно училиште во селото Драчево.

На страницата на Бирото за јавни набавки е распишан огласот за избор на најповолни понудувачи кои ќе ги градат двата капитални проекти.

Од Општина Кисела Вода истакнаа дека со изградбата на детска градинка во Расадник, конечно се затвораат наследените листи на чекање за упис во градинките и секое дете ќе го добие правото на остварување на предучилишно образование.

-Основците од селото Драчево, пак, буквално после 100 години добиваат нов училишен објект. Имено, ООУ „Климент Охридски” е изградено во 1924 година, што укажува на неопходноста од нов објект кој би одговарал на современите потреби на денешните ученици – соопштија општинските власти.

Новото училиште на површина од околу 5.000 квадратни метри ќе се гради во непосредна близина на постоечкото, кое заради голема голема историска и сентиментална важност за жителите од Драчево, нема да биде урнато.

Новата градинка во населбата Расадник ќе се протега на површина од 790 квадартни метри со што сите дечиња конечно ќе можат да посетуваат градинка.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...