КУЛТУРА

Промоција на романот „Бахус“ од Сашо Кузмановски

Во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје денеска ќе се одржи промоција на романот „Бахус“ од авторот Сашо Кузмановски, во рамките на фестивалот Денови на литературата што се одржува од 6 до 20 февруари.

Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе го промовира уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, низ разговор со авторот. „Бахус“ е втор, независен дел од предвидената трилогија на Сашо Кузмановски, во која главен лик е полицискиот инспектор Јован Ингилизов-Џовани.

-Како и во дебитантскиот роман „Афера во музејот на пари“ („Арс Либрис“, 2021), и во „Бахус“ авторот се претставува со своето раскошно познавање од историјата на Македонија, овој пат надградено со исцрпно истражување на обредите и култовите во античкиот град Стоби, поврзани со познатите церемонии „баханалии“ во чест на римскиот бог на виното. „Бахус“ е исклучително интелигентен, аналитичен и реалистичен трилер, поткован со знаења за антиката и за ритуалите што се практикувале, за окултизмот и псевдонауката, кои вкомпонирани во нашиот контекст, прават еден мајсторски и претставителен криминалистички роман, податлив и за екранизација, соопштија од издавачката куќа.

Сашо Кузмановски по професија е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Покрај новинарската и водителската работа, почнува да се занимава и со спортско репортерство. Во периодот 1998-2008 година активно работи како новинар и во единствениот македонски дневен спортски весник „Македонски спорт“. Од 2001 година е програмски уредник на Спортското радио „90,3 ФМ“, каде што работи и денес.

Романот „Бахус“ ќе може да се купи во поголемите книжарници и да се нарача онлајн на интернет-продавницата „www.literatura.mk“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...