АКТУЕЛНО

Отворен ден во ЈП „Лајка“

Oваа сабота е отворен ден во ЈП „Лајка“. Како што велат оттаму вработените со нетрпение ги очекуваат оние што сакат да вдомат куче да ги посетат.

-ЈП „Лајка“ е во моментов времен дом на 105 кучиња, сите посебни по својот карактер, изглед и карактеристики. Но едно нешто важи подеднакво за сите – на секое бескрајно му треба љубов, семејство, дом – соопштија од претпријатието.

Тие потсетуваат дека за вдомен миленик не се плаќа ништо, вашиот мелез е единствен и уникатен, вдомувајќи спасувате нечиј живот, добивате безусловна љубов и верен пријател и тоа дека вашиот пример ќе биде поттик за некој друг.

–Многумина не се доволно информирани за судбините на бездомните животни и причините зошто се на улица. Човекот како фактор, неодговорното сопствеништво, неконтролираното размножување и напуштање се примарен причинител за нивната прекубројност. Животните на улица се осудени на тежок живот, секојдневие исполнето со страв, трауми, глад, предвремена, најчесто насилна смрт. Но, хуманоста е „заразна“, а една позитивна приказна влијае и менува многу. Со вашата одлука вие спасувате еден живот, а притоа давате позитивен пример на сите останати. Благодарение на таквите, сè поголема е бројката на поединци кои вдомиле, ќе вдомат и ќе спасат живот и кои стекнале прекрасен, верен и уникатен пријател – соопштија од „Лајка“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...