СКОПСКИ ВЕСТИ

Гази Баба првпат оваа година доделува субвенции за сончеви колектори

Општина Гази Баба оваа година за прв пат објави јавен повик за доделување на субвенции на граѓаните за набавка и вградување на сончеви термални колектори.

На граѓаните – купувачи на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови, општина Гази Баба ќе им надомести дел од трошоците во висина од 50%, но не повеќе од 15.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство за 2024 година, под услов купувачите досега да не користеле средства од буџетот на Репулика Македонија за купување сончеви термални колекторски системи во својот дом.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба кои имаат купено и вградено сончеви термални колекторски системи во својот дом во периодот од денот на објавување на јавниот повик се до 30 ноември 2024 година односно до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Герасимовски: Сајбер булингот е „злото“ на новото време, клучно е домашното воспитување

Сајбер булингот е „злото“ на новото време кое бара сериозен пристап од...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Арсовска со навреди кон деканот на градежниот факултет: Тоа е оној кој од дома по пижами даваше дијагностика за мостот Беласица

Во интерјву за емисијата 360 степени градоначалничката на Скопје упати навреди кон...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Нова механизација за ЈКП „Гази Баба“ и изградба на спортски центар во Хиподром

Општина Гази Баба промовираше два нови проекти со вкупна инвестициска вредност од...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Во скопската Зоолошка се одбележа Светскиот ден на нилскиот коњ

Вчера по повод Светскиот ден на нилскиот коњ, пред живеалиштето на Буцо...