КУЛТУРА

Промоција на романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“

Романот „Сè уште можам нешто да сторам“ од писателката Фросина Пармаковска, а во издание на ,,ИЛИ-ИЛИ“, ќе биде промовиран вечерва во Салонот 19.19 при Културниот-информативен центар (КИЦ).

Во романот станува збор за суштинската промена однатре која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата меѓу тие два света: реалното и чудесното.

Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главниот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревањето на главниот лик од друга страна.

Пармаковска е родена во Скопје, 1985 годна. Дипломирала на Филолошки факултет, Катедра за општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институтот за македонска литература, на културолошки студии. Авторка е на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ ( роман на годината за 2017 г.) и „На враќање“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...