КУЛТУРА

Концерт „Заедно“ со оркестарот на Филхармонијата

Оркестарот на Филхармонијата вечер ќе го одржи концертот насловен „Заедно“ на кој ќе бидат изведени Концертот за виолина, виолончело и пијано во Це-дур, оп.56 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“, оп. 14 од Хектор Берлиоз.

Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, а како солисти ќе настапат виолинистката Софи Хајнхрих (Австрија), пијанистката Марија Вршкова (Република Северна Македонија) и виолончелистката Михе Рио (Кореа).

Конрад ван Алфен е „инспиративен диригент што прави нештата да се случуваат“, ќе напише критиката за холандскиот маестро, којшто е чест диригент со Филхармонија на Република Северна Македонија, а пред една година беше и почесен гостин диригент со нашиот оркестар. Овој етаблиран холандски/јужноафрикански диригент се стекна со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам.

Од својата четиригодишна возраст, откако почнала да изучува виолина, германската виолинистка Софи Хајнрих е постојано на сцената како солист. Значајни педагози во нејзината кариера се проф. Антје Вајтхас, како и проф. Томас Брандис, кај кого ги завршила постдипломските студии на Универзитетот за музика во Либек и каде што била негов асистент. Дополнителна инспирација за неа биле и имиња како Гидон Кремер, Мидори, Рајнхард Гебел, Изабел ван Кеулен, квартетот „Артемис“…

Добитничка е на награди на повеќе меѓународни натпревари. Во 2008 година, ја освоила музичката награда „Possehl“ на Ханзиниот град Либек, додека во 2009 го привлекла вниманието како најдобра Германка меѓу последните шест виолинисти во полуфиналето на натпреварот АРД во салата „Херкулес“, во Минхен. Исто така, добитничка е и на важни стипендии, а била и член на Здружението „Live Music Now“ на Јехуди Мењухин.

Македонската пијанистка Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основното и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со највисоката оценка на ниво на универзитет „cum lauda“, во класата на проф.Тодор Светиев,кај когоги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието се закитила со повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а нејзина најзначајна меѓународна награда е Третата награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим, Италија. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколкупати била единствен претставник од земјава во Светскиот младински оркестар, каде соработувала со врвни диригенти и солисти. Вршкова негува посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги бравурозно најновите пијанистички техники. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски туку и од странски автори.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...