КУЛТУРА

Драматичната опера „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало ќе има изведба во Националната опера и балет

Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на сцената на Националната опера и балет ќе има изведба на 7 февруари, во 20 часот.

Диригентската палка ќе биде во рацете на Бисера Чадловска, режијата е на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, а костимографијата на Никола Булески. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапува домашна солистичка екипа: во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Неда е Дешира Амети Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио е Драган Ампов, а во улогата на Арлекин е Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...