АКТУЕЛНО

Заинтересираните за положување на крстот во Кисела Вода може да се пријават до четврток

Општина Кисела Вода ја продолжува возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во петок на 19-ти јануари 2024год. И оваа година, манифестацијата започнува од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 часот, од каде градоначалникот Ѓорѓиевски со Богојавленска литија заедно со верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот во Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11:00 часот, а за најсреќниот учесник се обезбедени награди од градоначалникот и од повеќе спонзори.

– Со огромно задоволство сакам да ве информирам дека ја продолжуваме возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во петок на 19-ти јануари. И оваа година, манифестацијата ја започнуваме од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30, од каде со Богојавленска литија заедно со верниците и свештенството ќе се упатиме кон базенот во Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11:00 часот.

За најсреќниот учесник што ќе го извади Богојавленскиот Крст од водите e предвидена парична награда од мене како градоначалник, како и награди обезбедени од спонзори.

Ве поканувам сите да земеме масовно учество на овој преубав настан, на Богојавленската литија и да бидеме дел од продолжувањето на нашата возобновена традиција, сплотени и духот на христијанските вредности да си го прославиме овој убав и голем празник. Традицијата која ја започнавме пред две години продолжува и ќе остане аманет за идните генерации-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до четврток, 18.01.2024, 18 часот, на телефонскиот број: +389 78207687  (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...