МАГАЗИН

Никогаш не е доцна за јакнење на имунитетот

Имуниот систем со својата постојана работа не брани од разни микроорганизми и болести. Спиењето и имунитетот се тесно поврзани, а докажано е дека недостатокот на сон го зголемува ризикот од болести. На возрасните им се потребни седум или повеќе часа сон во текот на ноќта, на адолесцентите од 8 до 10 часа, а на новороденчињата до 14 часа на ден.

Преку исхраната можеме да ги добиеме сите потребни хранливи материи за функционирање на нашиот имунолошки систем. Здравата исхрана мора да биде разновидна.

Витамини Ц, Д, Е – прва линија на одбрана од инфекции

Во зајакнувањето на имунитетот најважна улога имаат витамините Ц, Д, Е и цинкот, кои се препорачува да се земаат заедно поради нивното синергетско дејство, додека за побрзо закрепнување и пократко траење на болеста најважни се витамините од групата Б и минералите железо, магнезиум и селен.

Овие моќни антиоксиданти се првата линија на одбрана од вируси и бактерии. Најголемата одбранбена ѕвезда е витаминот Ц, кој им помага на белите крвни зрнца (леукоцити) да се борат против вирусните инфекции како што се грипот и настинката. Познато е дека за време на инфекции, телото брзо троши залихи на витамин Ц, па затоа е неопходно да се зема и пред и за време на болеста.

Вториот најважен одбранбен витамин е витаминот Д, кој вообичаено се произведува во нашата кожа под влијание на сонце, но поради недостаток на сонце во постудените месеци, се препорачува внесување преку исхрана или суплементи за да се зачува и заштити имунитетот, густината на коските и мускулниот систем.

Витаминот Е како моќен антиоксидант, освен што ги штити клетките од оштетување и овозможува нивно оптимално функционирање и со тоа го зачувува имунитетот на организмот, исто така е неопходен за здравјето и убавината на кожата, косата и ноктите.

Цинкот е најважниот минерал во борбата против инфекциите.

Еден од најважните минерали за нашиот организам, цинкот е клучен елемент за зајакнување на имунитетот и отпорноста на грип и настинки, но и за хронични инфекции бидејќи го стимулира имунолошкиот систем, а воедно е и моќен антиоксиданс.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја...

МАГАЗИН

ЛАЈКА: Причини зошто треба да имате трпение со куче вдомено од прифатилиште

Има неколку причини зошто трпението е важно кога се вдомува куче од...

МАГАЗИН

Науката ги одреди најпаметните раси кучиња

Обемно лабораториско истражување за интелигенцијата на кучињата коешто го спроведоа научници од...

МАГАЗИН

„Анатомија на неверството“ вечер во театар „Комедија“

Вечерва, со почеток од 20 часот во Театар Комедија ќе се одигра...