КУЛТУРА

Специјална проекција на „Молкот на разумот“ во МКЦ

На 12 декември (вторник) со почеток од 20 часот во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи специјална проекција на наградуваниот документарен филм „Молкот на разумот“ од Кумјана Новакова.

„Молкот на разумот“ (Silence of Reason) е форензички видеоесеј изграден како перформативно истражување на првиот случај на меѓународен кривичен трибунал во кој беа донесени пресуди за воено силување како форма на тортура и за воено сексуално ропство како злосторство против човештвото.

Изграден исклучиво од форензичка визуелна архива и сведоштва, „Молкот на разумот“ делува како самата меморија: неостварлива, флуидна, отфрлајќи ја рамката, се движи во сите правци, просторни и временски. Личните искуства на насилство и тортура врз жените од логорите за силување во Фоча за време на војната во Босна и Херцеговина стануваат наши колективни сеќавања, надминувајќи го времето и просторот.

Новакова за нејзиниот најнов долгометражен документарен филм „Молкот на разумот“ минатиот месец ја доби наградата за најдобра режија во програмската секција „Envision”на најголемиот светски фестивал за документарен филм ИДФА во Амстердам.

„Молкот на разумот“ е добитник на наградата за човекови права на Филмскиот фестивал во Сараево 2023, наградата за најхрабар филм на Филмскиот авторски фестивал 2023 во Белград, и Специјално признание на Филмскиот фестивал во Торино 2023.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...