МАГАЗИН

Најчитани статии на Википедија за 2023 година: ChatGPT е на врвот со 49 милиони прегледи

Милиони ширум светот се обраќаат до бесплатната онлајн енциклопедија „Википедија“ за полесно да го разберат светот околу нив, а секоја година, се објавуваат податоците кои ги покажуваат најпребаруваните термини во годината, пишува „Еуроњус“.

За оваа 2023 година најпребаруваниот термин е „Четџипити“ (ChatGPT), кој на англиската верзија од платформата имал речиси 50 милиони прегледи.

Јазичниот модел базиран на вештачка интелигенција (ВИ) изминатава година привлече многу влијание, а истовремено и контроверзии и загриженост за иднината на човештвото со вакви системи кои полека започнуваат да ги менуваат луѓето во работни задачи кои досега ги вршеа исклучиво луѓе.

„ChatGPT“ е една од генеративните алатки за вештачка интелигенција која е обучена за податоци на ‘Википедија’, извлекувајќи големи количини содржина од проектите на ‘Википедија’ за да одговори на прашањата на луѓето. Значи, фактот што милиони луѓе одат на ‘Википедија’ за да дознаат за ‘Четџипити’ е еден интересен пресврт“, рече Ануша Алихан, главен директор за комуникации во Фондацијата „Викимедија“.

Вториот најчитан термин на „Википедија“ оваа година била годишната листа на смртни случаи, која секоја година се наоѓа во врвот на овие годишни листи. Големо внимание имаат привлечено и познатите личности кои починаа годинава, меѓу кои и Метју Пери и Лиза Мари Присли.

Англиската „Википедија“ собра повеќе од 84 милијарди прегледи оваа година, според бројките објавени од Фондацијата „Викимедија“, непрофитната организација која стои зад бесплатната, јавно уредена онлајн енциклопедија.

Оваа листа на 25 најпопуларни термини била изработена со податоци заклучно со 28 ноември. Бројките за целата 2023 треба да бидат ажурирани од непрофитната организација на 3 јануари 2024.

Инаку, онлајн-енциклопедијата започна со работа во јануари 2001 година, како бесплатна ризница на податоци која се надополнува и одржува од заедница на волонтери низ целиот свет.

Ова е листата на 25-те најпребарувани термини на „Википедија“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја...

МАГАЗИН

ЛАЈКА: Причини зошто треба да имате трпение со куче вдомено од прифатилиште

Има неколку причини зошто трпението е важно кога се вдомува куче од...

МАГАЗИН

Науката ги одреди најпаметните раси кучиња

Обемно лабораториско истражување за интелигенцијата на кучињата коешто го спроведоа научници од...

МАГАЗИН

„Анатомија на неверството“ вечер во театар „Комедија“

Вечерва, со почеток од 20 часот во Театар Комедија ќе се одигра...