МОЕ ЗДРАВЈЕ

Борбата против стресот почнува од исхраната: Намирници кои треба да ги вклучите во вашите оброци

Иако постојат многу совети како да си помогнеме себеси да се избориме со стресот, треба да знаеме дека многу често, борбата против стресот почнува од она што го јадеме. Начинот на кој се храниме во голема мера влијае на тоа како се чувствуваме во текот на денот.

Доколку чувствувате стрес кој не можете да го контролирате, треба да се обидете да внесете неколку намирници во вашите оброци.

Чиа семе – Ова семе е богато со омега 3 масни киселини, како и цинк и триптофан, кои помагаат во намалување на вознемиреноста. Омега-3 масните киселини ја подобруваат функцијата на мозокот и го подобруваат расположемието, а цинкот го подобрува одговорот на нашиот мозок на стресот.

Јогурт – Одредени јогурти се моќни пробиотици кои значително придонесуваат за здравјето на цревата. Многу нутриционисти посочуваат дека кога нашиот дигестивен систем е загрозен, односно бавен, тоа нè прави уморни и нерасположени. Затоа, редовното консумирање на здрав јогурт е клучно не само за дигестивното здравје, туку и за нашето расположение.

Боровинки – Боровинки се суперхрана која се препорачува во многу различни ситуации, а тие се исто така корисни и за намалување на стресот. Тоа се должи на големото количество антиоксиданти како и витамин Ц. Антиоксидантите помагаат во намалување на оксидативниот стрес, додека пак витаминот Ц е познат како ефикасно средство за намалување на лачењето кортизол во нашето тело, кој е познат како хормон на стресот.

Јајца – Содржат триптофан, а едно истражување од 2015 година посочува дека жените на возраст од 45-65 години кои редовно во својата исхрана внесувале јајца во период од неколку години, подобро реагирале на негативните стимуланси. Нутрициностите посочуваат дека јајцата се богати и со витамин Д, кој исто така придонесува за намалување на стресот и подобрување на расположението.

Црно чоколадо – Црната чоколада содржи голем процент на магнезиум. Многу студии покажуваат дека ниското ниво на магнезиум е поврзано со поголем ризик на вознемиреност и стрес, како и други состојби поврзани со менталното здравје. Овој минерал игра важна улога во регулирање на хипоталамус-хипофиза-надбубрежната жлезда (НРА) која го контролира одговорот на телото на стрес.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Очите говорат за проблемите со срцето

Срцевите заболувања се една од главните причини за смрт во светот, па...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Намалете го ризикот од болести преку диета

Сите знаеме дека храната влијае на нашето здравје и квалитетот на животот,...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица

Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Ново истражување: Откриена причината за утринска мигрена

Гласната музика, светлите екрани, силните парфеми и силните светла можат да предизвикаат...