МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување. Новопечената мајка живее на село во областа Масака, околу 120 километри западно од главниот град Кампала, јавуваат тамошните медиуми.

Според нејзиниот лекар Едвард Тамале Сали, кој ја следел бременоста и породувањето со царски рез, тоа е несекојдневен подвиг. И родилката, по име Сафина Намукваја, раѓањето на своите близнаци го нарече – вистинско чудо.

– Мајката и децата – девојче и момче, се во добра здравствена состојба и се набљудувани во болницата во Кампала, изјави докторот.

Како што пренесува „ХРТ“, Сафина ја родила својата прва ќерка пред три години.

Инаку, Африканката немала деца со својот прв сопруг, кој починал 1992 година, поради што ја нарекле „проколната“ во нејзиното село. А, вториот сопруг, кого го запознала во 1996., сега не присуствувал на породувањето.

– Тој исчезна кога дозна дека носам близнаци. Откако ме примија овде, тој не се појави, рече Сафина.

Не е објавено дали бременоста е постигната со туѓа јајце-клетка или жената ги замрзнала сопствените јајце-клетки додека била во репродуктивна возраст.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја...

МАГАЗИН

ЛАЈКА: Причини зошто треба да имате трпение со куче вдомено од прифатилиште

Има неколку причини зошто трпението е важно кога се вдомува куче од...

МАГАЗИН

Науката ги одреди најпаметните раси кучиња

Обемно лабораториско истражување за интелигенцијата на кучињата коешто го спроведоа научници од...

МАГАЗИН

„Анатомија на неверството“ вечер во театар „Комедија“

Вечерва, со почеток од 20 часот во Театар Комедија ќе се одигра...