КУЛТУРА

Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музеј на град Скопје

Во Музеј на град Скопје вечерва ќе се отвори Годишната изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов”.

На изложбата ќе бидат презентирани 30-ина дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов”, вредна донациска збирка која брои околу 400 дела кои потекнуваат од различни временски периоди (од 1957 до 2010) и претставува своевиден пресек на повеќе ликовни стилови и тенденции во современата македонска ликовна уметност.

Годинешната изложба претставува еклектичен избор од неколку циклуси на Анастасов, слики од циклусот на кој му е најдолго посветен – „Човек и простор“, „Човек и време”, „Во потрага по изгубениот простор”, импресивните цртежи од циклуситe „Делување на елементите”, „Промена на обликот”, „Трансфигурирање”, сите изведени во техника туш на хартија, создадени во периодот помеѓу 1957 – 1960 година, и кои припаѓаат на т.н. енформелска лабораторија.

Феномените на просторот, универзумот, на вертикално – хоризонталниот контраст, Анастасов ги изнесува со симболичен, психолошки набој што го карактеризира неговото творештво.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...