АКТУЕЛНО

Општина Карпош ќе доделува по 3.000 денари за лицата со попреченост

Општина Карпош вчера го одбележи Денот на лицата со попреченост, по чиј повод ќе додели еднократна парична помош во висина од 3.000 денари, на граѓаните од оваа категорија кои се жители на локалната самоуправа.

Во таа насока, општината води континуирана грижа за лицата со попреченост, преземајќи низа активности за подобрување на статусот и нивното интегрирање во заедницата.

„Повеќе од една деценија Општина Карпош посветува особено внимание за оваа ранлива група на граѓани, при што има донирано медицински помагала за нивна потреба, во неколку основни училишта функционираат т.н. „сензорни соби“, а таа практика ќе се применува и во некои градинки“, посочуваат од општината.

Притоа, во училиштата се ангажирани специјални едукатори и рехабилитатори (дефектолози), како и 40 образовни и три лични асистенти кои се обучени за работа со дечињата со попреченост.

„За да го олесни нивното движење, локалната самоуправа има поставено пристапни рампи на повеќе локации, а отворени се и неколку инклузивни игралишта. Како значајна активност којашто ја реализира Општината, секако е и социјалната услуга „Центар за стручна помош и поддршка на лица со попреченост и нивните семејства“, која се спроведува во соработка со Здружението Монтесори, МТСП и Светска Банка. Со помош на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош и понатаму ќе креира позитивни политики за поддршка на лицата со попреченост и ќе работи во насока на подобрување на квалитетот на нивниот живот“, се вели во соопштението.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...