АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, што, според специјализираната интернет страница „Ај-кју-ер“ е 15 пати поголема концентрација на оваа честичка од годишната вредност на упатството за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).

Пред македонската метропола, на листата на градови до овој момент со најзагаден воздух се најдоа Делхи и Мумбај во Индија, Лахоре и Карачи во Пакистан и Вроцлав во Полска.

„Ај-кју-ер“ синоќа пак, објави уште позагрижувачки податок за воздухот кој се дише во Скопје. Главниот град на Македонија во 21 часот се најде на 4-то место во светот според загаденоста на воздухот, пред Скопје се само огромните градови и индустриски центри од Азија, Мумбај, Њу Делхи и Карачи.

Загаденоста ја потврдуваат и поединечните мерни станици поставени низ главниот град. Според платформата pulce.eco во моментов на најголемиот дел од мерните станици низ Скопје се регистрираат екстремно високи нивоа на ПМ10 честички. Најзагадено е во Маџир маало каде се измерени речиси 206  µг/м3 ПМ10 честички, а меѓу 150 и 200 µг/м3 се регистрираат и во центарот на градот и Општините Бутел, Гази Баба и Аеродром.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...