АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на стратешката Студија за дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија 1.600 милиметри и која се прави прв пат од нивната изградба.

„Почна втората фаза од Студијата за магистралните водоводни цевководи базирана на темелни испитувања и анализи која се прави за прв пат по 60 години. Водоснабдувањето на град Скопје од количини на вода кои се расположливи од двата каптажни објекти на изворот Рашче, се движи преку двa челични цевководи. Во втората фаза се анализира состојбата на самите цевки во нивниот надземен и подземен дел во општина Ѓорче Петров, состојбата на објектите кои се изградени за правилна експлоатација на цевководот односно армирано бетонските шахти со хидро машинска опрема, мостовската конструкција на надземниот дел од цевководот, како и опремата за активна катодна и останата заштита, потенцирала Арсовска, при посетата на терен, се наведува во соопштението.

Експертите и професорите од Машински факултет ги работат испитувањата на терен, со цел, како што се вели, да се добие прецизна студија за магистралните водоводни цевководи кои се изградени пред 60 години, а студијата треба да даде информации какви мерки треба да се преземат за да се превенираат несакани појави во иднина и да се имаат сите информации за овие клучни цевководи во Скопје.

„Имајќи предвид дека цевководите се челични и градени во пост-земјотресниот период започнати во 1964 година, при што со нивната 60 годишна функционалност, со оваа студија би се добила детална слика за состојбата и би се оформиле насоки за идни потреби на инвестиции во овој сегмент. Суштината на изработката на стратешката  студија е утврдување на состојбата на двата главни магистрални метални цевководи, едниот кој оди по трасата на булевар Партизански Одреди и другиот по булевар Словенечка и Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...