АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои постојано се грижат за здравјето на животните, демантираат од таму во врска со изјавата на ЗОО- активистот Стефан Кирков, во која тој изрази сомнеж дека причина за угинувањето на третата и последна жирафа Флопи, е отсуството на адекватен кадар за грижа зашто ветеринарната служба функционирала како надворешен соработник. Од ЗОО – Скопје не ги коментираат гласините дека животното боледувало од лесна пневмонија и велат дека треба да се почекаат резултатите од обдукцијата.

Зоолошката градина во Скопје, каде завчера угина жирафата Флопи, има ангажирано двајца ветeринари со полно работно време, кои постојано се грижат за здравјето на животните. Вака гласи демантот од ЗОО – Скопје во врска со вчерашната изјава на ЗОО- активистот Стефан Кирков, во која тој изрази сомнеж дека зоолошката градина нема адекватен кадар за грижа за животните зашто ветеринарната служба била ангижирана како надворешен соработник.

  • Во Зоолошката градина- Скопје работат двајца дипломирани ветеринари. Едниот е вработен долги години на неопределено време, а другиот со договор на дело, но двајцата со полно работно време. А, ЗОО-Скопје постојано соработува со Ветеринарен центар и Институтот за ветерина, велат од Зоолошката градина.

Од Зоолошката градина не ја коментираат неофицијалната информација која Кирков ја сподели, дека Флопи боледувала од лесна пневмонија. Велат, за причините за угинувањето на жирафата треба да се почекаат официјалните резултати од обдукцијата што ја правеше Ветеринарниот факултет .

  • Обдукцијата беше извршена според протокол веднаш и се земени мостри, а за резултатите треба да се почека неколку денови, велат од ЗОО-Скопје.

За угинувањето на жирафата реагираа и од „ Анима Мунди“, од каде прашаа кој ја мониторира здравствената состојба и безбедноста на животните и побараа анализа за случајот и казни за одговорните. Од ЗОО- Скопје со одговор дека стручно, секојдневно се грижат за животните.

Флопи беше трета и последна жирафа која угина во Зоолошката градина. Пред неа од инфекција со салмонела угина жирафата Каспер, а пред тоа и Тобого. Откако за градоначалник дојде Данела Арсовска се сменија тројца директори на установата. За време на Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со објаснување дека биле болни. Потоа дојде Драган Илиевски, а по него актуелниот директор Зоран Попов.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...