КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес – манифестацијата „Град на културата во 2024 година“. Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на националниот портал за е-услуги „https://uslugi.gov.mk“.

Од Миинстерството соопштија дека на конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Северна Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата „https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx“, како и преку контакт-центарот на националниот портал за е-услуги.

-Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава, велат од Министерството.

„Град на културата“ во 2023 година беше Крушево, чија комплексна и содржајна програма се одвиваше под мотото „Крушево – жив споменик на културата“. Општина Крушево, во годината кога се одбележа и 120 години од Илинденското востание, пулсираше во ритамот на македонската култура и го промовираше македонскиот идентитет и посебност.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...