АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна поддршка од советот, оваа скопска општина ќе биде главен покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена.

Ова е една од одлуките од последната седница на советот. На истатата беа донесени и следниве одлуки:

– Изгласан е командир на полициската станица Чаир од општа надлежност, Игор Петровски. За жал, дел од советниците гласаа воздржани и не го поддржа овој предлог.

– Дополнителна финансиска помош ќе биде доделена и до спортски клубови за посебни меѓународни натпревари и поддршка за културни манифестации.

– ЈКП Бутел ќе ги зголеми своите ингеренции и надлежности што е многу важно за олеснување на работата и како јавно претпријатие да биде во целост во служба на граѓаните.

– Скоро сите одлуки на советот се почесто поминуваат едногласно со акламација, тоа е доказ за квалитетната работа на општината. Советот на Општина Бутел во изминатите две години носи одлуки исклучиво во интерес на граѓаните! Општина Бутел континуирано и понатаму ќе помага во сите области согласно својте можности, порача градоначалникот на општината, Дарко Костовски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...