ИНФО

Санкционирани 264 непрописно паркирани возила во Центар

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција изминатата седмица санкционирале 264 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ информираат дека во периодот од 20.11. до 26.11.2023 година, со помош на нивните специјалните возила „пајак“ биле отстранети 144 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 120 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во...

ИНФО

Нови клупи, зимзелени дрва и лед осветлување во паркот во Радишани

Oпштина Бутел изврши реконструкција на паркот во ТЦ Радишани. „По 25 години...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 249 возачи, 71 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 249 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...