АКТУЕЛНО

Нов мурал на доајенот Александар Џамбазов

Нов мурал на македонскиот доајен Александар Џамбазов го краси ѕидот на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало, близу Наџак. Муралот го насликаа уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка и е своевидно потсетување на музичкиот опус на македонскиот диригент, текстописец, композитор и основач на детскиот фестивал „Златно Славејче“.

По повод одбележување на неговото вечно заминување, на 25 јануари наредната година општината ќе организира настан со учество на познати македонски уметници и членовите на хорот “Златно славејче”.

„Навистина е задоволство да се има муралот на доајенот Александар Џамбазов кој со својот неверојатен творечки опус остави неповторлив белег во својата професија и нашата историја. Тој беше автор на детски песни, иницијатор за формирање на фестивалот „Златко Славејче“, пишувач на сценска и филмска музика, македонски диригент и композитор и великан на современата македонска музика. Настанот на 25 јануари ќе претставува своевидно потсетување на музичкиот опус на основачот на детскиот фестивал и доајен Александар Џамбазов“. Да ги почитуваме и негуваме спомените и делата на познатите и еминентни личности кои оставиле трага во својата професија“, вели градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Минатата година за 70-от роденден на Горан Стефановски, градоначалникот Горан Герасимовски со наслов од Горан за Горан подари мурал од Стефановски насликан на ООУ „Коле Неделковски“. Летово на Културниот центар „Јадро“ и ООУ „Димитар Миладинов“ насликани беа графити инспирирани од 60-та годишнина од земјотресот во Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...