ИНФО

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 17 записници во текот на ноември

Во текот на месецот ноември, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 17 едукативно-информативни записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош.

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека активностите се одвивале на булеварите Илинденски одреди, Теодосиј Гологанов и Осми септември, како и на улиците Бутелска, Јуриј Гагарин, Васил Чакаларов, Ѓорѓи Сугаре, Петар Ацев, Бапчор, Лазар Поп Трајков и Јорганџиска улица лоцирана во Старата скопска чаршија.

Воедно, Еко-патролата продолжува со спроведување секојдневни дежурства и зачестен патролен надзор на повеќе локации во сите скопски општини, меѓу коишто се булеварот Македонско-косовска бригада и улиците Џон Кенеди, Втора македонска бригада и Максут Садик – спроти Амбасадата на САД, каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во...

ИНФО

Нови клупи, зимзелени дрва и лед осветлување во паркот во Радишани

Oпштина Бутел изврши реконструкција на паркот во ТЦ Радишани. „По 25 години...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 249 возачи, 71 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 249 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...